Достапни линкови

Харадинај - Законот за амнестија ги интегрира Србите во системот на Косово


Рамуш Харадинај.

Рамуш Харадинај.

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека со законот за амнестија, за кој во Парламентот гласаа сите пратеници од оваа партија, се прави обид за интеграција на Србите од северот во институциите на Косово.

Тој изјави дека немало друга алтернатива, освен пратениците од Алијансата да го поддржат овој закон.

Харадинај смета дека на ноемвриските локални избори неговата партија ќе добие 20 отсто од гласовите и оти тие избори ќе бидат одраз на промените на политичката сцена на Косово.
XS
SM
MD
LG