Достапни линкови

logo-print

Ирак не може да запре трансфер на оружје од Иран за Сирија


Министерот за надворешни работи на Ирак,Хошјар Зебари.

Министерот за надворешни работи на Ирак,Хошјар Зебари.

Министерот за надворешни работи на Ирак изјави дека неговата земја не е во можност да го запре соседен Иран да испраќа оружје за Сирија преку ирачкиот воздушен простор.

Министерот Хошјар Зебари го осуди трансферот на оружје преку ирачкиот воздушен простор, и рече дека и формално ќе ја информира иранската страна дека се против тоа.

Но, ние немаме способност да го спречиме тоа, рече Забери. Иран е клучен сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад. САД побара од Багдад да ги запре иранските летови над нејзиниот воздушен простор кон Сирија. Зебари изјави дека при проверки по случаен избор врз ирански авиони кои летаат за Сирија, од септември до сега, пронашле само лекови и храна.
XS
SM
MD
LG