Достапни линкови

logo-print

ОН и Црвен крст бараат пристап до Хомс


Во сирискиот град Хомс се заробени околу 2.500 луѓе. Има извештаи за бомбардирање, употреба на оружје со долг дострел оружје како и тенковски напади во градот, се наведува во соопштение од ОН. Комесарите за хуманитарни работи и за човекови права на ОН, Валери Амос и Нави Пилај, во заедничка изјава, побара пристап до градот за меѓународните хуманитарни организации. Во соопштението се наведува дека силите на претседателот Башар ал-Асад, како и оние на бунтовници одбиле да дадат безбедносни гаранции. Во одделна изјава, Меѓународниот комитет на Црвениот крст побара од сириската владата да дозволи испорака на храна и медицинска опрема за град Хомс.
XS
SM
MD
LG