Достапни линкови

Обама и Путин разговарале за Сноуден


Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин разговараа по телефон за Едвард Сноуден, но не се откриваат детали за разговорот. Повикот доаѓа откако претходно Белата куќа ја предупреди Русија дека со давањето на азил на Сноуден ќе му даде „основа за пропаганда “. Сноуден вчера објави дека повторно база азил во Русија. Тој имаше средба со активисти за човекови права на аеродромот Шеремјетјево каде престојува откако пристигна таму на 23 јуни од Хонк Конг. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека доделување на азил на Сноуден „ не е во согласност со руските изјави дека тие не сакаат господинот Сноуден натамошно да им наштетува на американските интереси“. Сноуден, поранешен службеник во Националната агенција за безбедност, откри разузнавачки информации.
XS
SM
MD
LG