Достапни линкови

Спречен протест на новинарите во Истанбул


Демонстрации во Истанбул, 8 јули 2013.

Демонстрации во Истанбул, 8 јули 2013.

Турската полицијата вчера спречи стотици новинари да одржат протестен марш во Истанбул. Новинарите бараа слобода на медиумите и го осудија притисокот врз нивните колеги за време на бранот антивладини демонстрации минатиот месец.

Голем број новинари во Турција беа приведени, а некои се под постојана лупа на властите, додека известуваа за тринеделните протести. Некои од нив кои застанаа на страната на демонстрантите беа отпуштени од работа или самите си дадоа откази.

Новинарите планираа да организираат протестен марш до главниот плоштад во Истанбул, но беа спречени од полицијата.
XS
SM
MD
LG