Достапни линкови

Оланд со сочувство до семејствата на жртвите од несреќата во Париз


Францускиот претседател Франсоа Оланд им изрази сочувство на семејствата на жртвите од железничката несреќа во Париз. Шест луѓе загинаа, а осум се сериозно повредени во несреќа што се случи вчера попладне кога патнички воз излетал од шините во предградие во Париз, соопштија француски официјални лица. Тие соопштуваа дека уште десетици други луѓе се повредени при несреќата. Несреќата се опишува како најлоша железнички несреќа во Франција во последните 25 години. Министерот за транспорт соопшти дека возот патуваат со 137 километри на час во времето на несреќата, што е под дозволената граница од 150 километри на час. Официјални претставници на железничката компанија изјавија дека имало околу 350 патници во возот.
XS
SM
MD
LG