Достапни линкови

Десетици жртви во експлозија во Ирак


Илустрација - Експлозија во Киркук.

Илустрација - Експлозија во Киркук.

Најмалку 38 луѓе загинале, а 25 се повредени во напад на бомбаш самоубиец во ирачкиот град Киркук, соопштија ирачките официјални лица. Експлозијата која се случи синоќа била насочена кон преполно кафуле во етнички мешаниот град. Засега не е јасно кој е одговорен за нападот. За слични напади претходно беа обвинувани сунитски екстремисти поврзани со Ал-Каеда.

Според податоци на ОН во секташки судири меѓу мнозинството шиити и малцинството сунити во Ирак годинава се убиени илјадници луѓе, од кои само 760 во јуни. Наглото зголемување на етничките судири во време на долготрајна политичка криза, ги зголеми стравувањата за враќање на насилството што ја турна земјата на работ на граѓанска војна во 2006 и 2007 година.
XS
SM
MD
LG