Достапни линкови

Јанкулоска бара екстрадиција на осомничените во „Монструм“


„Немам точни податоци како постапувале судовите во Приштина, каква одлука донеле“ вели Јанкулоска

„Немам точни податоци како постапувале судовите во Приштина, каква одлука донеле“ вели Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска нема директна информација за предметот против Алил Демири и Африм Исмалиовиќ по кој постапува Судот во Приштина, но изрази незадоволство од евентуалната одлука тие да не бидат екстрадирани во Македонија за да им се слуди за случајот „Монструм“.Дали и кога Алил Демири и Африм Исмалиовиќ ќе бидат испорачани во Македонија, косовските власти ќе одговорат откако целосно ќе заврши судењето во Приштина. Доколку има жалби на денешната пресуда ќе поминат најмалку неколку месеци додека да стане правосилна со што неизвесно е кога би се случила екстрадицијата. Нивните адвокати најавија жалба. Одбраната на Демири и Исмаиловиќ во Косово тврдела дека тие не биле виновни за процесот кој се води против нив во Македонија за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.
XS
SM
MD
LG