Достапни линкови

Во недела ќе се разговара за нова влада во Египет


Во меѓувреме, се организираат нови протести за подршка на отстранетиот шеф на државата Мухамед Морси

Во меѓувреме, се организираат нови протести за подршка на отстранетиот шеф на државата Мухамед Морси

Вршителот на премиерската должност во Египет најави отпочнување на разговорите за формирање на нова влада во недела и понеделник. Новиот владин состав најверојатно ќе положи заклетва идната седмица. Поранешниот министер за финансии, либералот Хазем ел Беблави беше назначен за В.Д. премиер на Египет откако армијата го отстрани од власт исламистичкиот претседател Мухамед Морси на трети јули. Предвидено е привремената влада да работи кон остварување на армискиот план за враќање на граѓанското владеење во Египет.
XS
SM
MD
LG