Достапни линкови

Во Македонија е тешко да се води бизнис во услови кога владата е најголема фирма односно најголем работодавач во земјата, велат дел од бизнисмените.

Стопанството е жртва на политиката, бидејќи се обезвреднува работникот поради неговата припадност на одредена партија, при што тој не е опфатен во она што значи заедничко креирање на пред се економскиот живот, па потоа и политичкиот, вели Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Според него, таквиот начин на водење на политиката се огледува во состојбата во која се наоѓа Македонија.
Ние гледаме дека имаме компании кои можеби ја помагале актуелната власт, но не се задоволни од таа политика, но тоа не го кажуваат јавно, затоа што знаат до кое ниво кај нас е развиена демократијата и знаат што може да ги очекува.

„Не би требало да има толку големи влијание, требало владата да не дозволи околината да му создава толку проблеми на нашето стопанство. Македонија е без економски концепт за развој на земјата и тоа го надополнуваме со она што се вели празна политика и токму тој вид на водење на политика, екстремна политика, води до она што значи сиромаштија, односно немање економска опција за добро на општеството и за рејтингот и угледот на државата.“
Текстилна фабрика во Прилеп.

Текстилна фабрика во Прилеп.


Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека е тешко во Македонија да се води бизнис во услови кога најголема фирма е владата, односно најголем работодавач во земјата.
На тој начин се создаваат услови за дискриминација на приватниот бизнис, односно владата ги бира фирмите на коишто им дава работа по политички критериум колку се блиски до власта или колку со власта може да поделат тоа што треба да поделат.

„На тој начин се создаваат услови за дискриминација на приватниот бизнис, односно владата ги бира фирмите на коишто им дава работа по политички критериум колку се блиски до власта или колку со власта може да поделат тоа што треба да поделат.“

Според Кучи компаниите се плашат за проблемите да говорат јавно.

„Ние гледаме дека имаме компании кои можеби ја помагале актуелната власт, но не се задоволни од таа политика, но тоа не го кажуваат јавно, затоа што знаат до кое ниво кај нас е развиена демократијата и знаат што може да ги очекува.“

Гуштеров вели дека фирмите кои не се блиски на власта кубурат да опстанат и не им се пишува добро доколку не се промени филозофијата на водењето на бизнисот во Македонија.

„Излезот од оваа ситуација е во нови избори, влада, односно нова политичка партија којашто ќе ја промена и политичката перцепција кај гласачкото тело, а ќе има и европска ориентација, односно ориентирано повеќе кон пазарна економија, отколку кон одржување на власт со политички критериуми.“

Според Гуштеров, секоја влада треба да си ја сфати улогата дека е избрана да направи добро законодавство и притоа да ги остави фирмите да си ја водат сами работата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG