Достапни линкови

Сноуден бара средба со групите за човекови права


Поранешниот американски соработник на разузнавачките служби Едвард Сноуден ги покани групите за човекови права да се состанат со него на московскиот аеродром Шерметљево.
Сноуден, кој се бара од Вашингтон за илегално давање тајни документи на медиумите, се верува дека е престојува во транзитниот простор на Шерметљево каде на 23 јуни долета од Хонг Конг.
Трансперенси интернешнал, Амнести интернешенел, Хјуман рајтс воч, и неколку врвни руски групи се меѓу наводно поканетите.
Сноуден напиша писмо до новинската агенција Ројтерс во кое се наведува дека состанокот ќе биде затворен за медиумите, но дека сепак планира да разговара со новинарите.
Во писмото до групите за човекови права, пак, Сноуден напиша дека тој се соочува со "незаконска" кампања од страна на американските власти која се обидува да го спречи да ги искористи понудите за азил од страна на Венецуела, Боливија и Никарагва.
XS
SM
MD
LG