Достапни линкови

Денеска почнува „Охридско лето“


Над 840 уметници од Русија, Словенија, Германија, Италија, Турција, Бразил, Полска, Хрватска, Литванија, Унгарија, Канада, Албанија, Шведска, САД, Украина, Ерменија, Франција, Велика Британија, Кина, Аргентина, Србија, ќе учествуваат на годинешното 53-то по ред издание на Фестивалот „Охридско лето“.
Фестивалот вечерва за отворен ќе го прогласи претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој е и покровител на манифестацијата.
На свеченото отворање на фестивалот ќе настапи светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија Дмитри Хворостовски.
XS
SM
MD
LG