Достапни линкови

Ирска-усвоен закон за абортус под одредени услови


Ирскиот парламент рано утринава го усвои предлог-законот за дозвола на абортус под одредени услови. Гласањето се одржа по серија дебати во католичката земја. Според законот, жената ќе може да изврши абортус само доколку докторот оцени дека нејзиниот живот е под ризик.
Владата го предложи законот по минатогодишниот случај на една жена која го загуби бебето и почина во болница по една недела од труење на крвта.
XS
SM
MD
LG