Достапни линкови

Временска прогноза-претпладне сончево, попладне дожд


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне повторно ќе има нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. На места ќе има услови за појава на невреме со позначителни врнежи од дожд проследени со силен ветер и со силни електрични празнења, особено повеќе услови за невреме ќе има во крајните западни и источни делови на земјава. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а преку денот од 26 до 34 степени.
XS
SM
MD
LG