Достапни линкови

Тихомир Јанчовски – Поезијата треба да има поголемо достоинство!


Тихомир Јанчовски, поет.

Тихомир Јанчовски, поет.

По скопската, закажани уште три промоции на книгата „Староста може, а и не мора да се дочека“ од Тихомир Јанчовски. В сабота од 21 часот, поетот и неговите пријатели ќе одржат перформанс во „Објектив“ во Охрид, наредниот ден околу пладне ќе бидат во Ресен во Куќата на Нијази бег, а по стемнувањето екипата во изменет состав со Дарко Лешоски како домаќин ќе биде и во Вевчани. И сето тоа со идеја за популаризација на поезијата како уметност на зборот во која човек го кажува сето она што го доживува и искрено го мисли.

Кај нас во последно време сè помалку се чита и промоциите на книги веќе не личат на ништо оти се случуваат со многу мал број на луѓе. Се изгуби контактот помеѓу оние кои пишуваат, независно дали е поезија или проза, и публиката, така што без читаност, постоењето на каква било дело губи на смислата зошто е направено – вели Тихомир Јанчовски во пресрет на серијата промоции на неговата нова објава „Староста може, а и не мора да се дочека“ во „езерскиот крај“.
Како тоа ќе се нарече, дали ќе се нарече поетско музички перформанс или промоција на книга, тоа и не е толку битно.[...] Кога домаќинот е добро расположен, тоа се пренесува на тие што ќе дојдат, така што се погодува да се вклопат од двете страни, тие, да ги наречам енергии и обично промоциите излегуваат многу убави и се многу посетени. Не сум имал досега промоција со помалку од 200 посетители.

Имено, по Скопје каде што се собраа над 500 посетители, тој оваа сабота, во „Објектив“ во Охрид, од 21 часот, своите песни ќе ги презентира заедно со Богдан Илиевски – Бетмен, Дарко Лешоски, Мира Смаќоска, Зоран Тортевски, Ирина Милошевска, Божидар Кочовски и Лидија Миташевска. Промоцијата музички ќе ја покрива триото класичари – Невена Танеска, Даниел Чуркоски и Елица Џуклеска, а во „оф програмата“ најавен е настапот на неповторливиот мајстор на хармоника – Тони Кукавица.

Следниот ден во Ресен ќе им се придружи и епископ Пимен, кој моментално престојува во родната Преспа, а вевчанската промоција е планирана со паѓањето на првиот мрак во Куќата на Пупин.
Ако јас имам нешто да кажам, постои и друг начин како да се кажат моите мисли во врска со политиката и општеството, додека поезијата е нешто друго. Тоа е уметност на зборот која не се исцрпува во нешто што е дневна политика, туку треба да има некакво поголемо достоинство и вредноста не ѝ се одредува инстантно.

„Како тоа ќе се нарече, дали ќе се нарече поетско музички перформанс или промоција на книга, тоа и не е толку битно. Можеби изгледаат планирани меѓутоа не е така. Оставаме некако спонтано да се случуваат работите и се прави убава атмосфера. Кога домаќинот е добро расположен, тоа се пренесува на тие што ќе дојдат, така што се погодува да се вклопат од двете страни, тие, да ги наречам енергии и обично промоциите излегуваат многу убави и се многу посетени. Не сум имал досега промоција со помалку од 200 посетители“, вели Јанчовски.

Роден 1967 година во Скопје, Тихомир Јанчовски за себе знае да каже дека е „генерација на фудбалерот Ѕола, на Трендо, Гино од „Архангел“, Џулија Робертс и други познати фаци. Сем во родниот град, живеел и на Скијатос, малку во Амстердам и повеќе во Лондон и Будимпешта, вели дека три пати бил на Света Гора и дека сака да се сели во Охрид оти таму има езеро. Работел како физикалец, собар, тревокосач, разнесувач на весници, келнер, тапкарош, новинар, музичар, преведувач и најмногу како професор (повеќе од 20 години). Предава литература и светска историја и никогаш не бил член на ниту една политичка партија.

„Ако јас имам нешто да кажам, постои и друг начин како да се кажат моите мисли во врска со политиката и општеството, додека поезијата е нешто друго. Тоа е уметност на зборот која не се исцрпува во нешто што е дневна политика, туку треба да има некакво поголемо достоинство и вредноста не ѝ се одредува инстантно. Ако нешто вреди во поезијата, треба да пројде одредена временска дистанца, па да се види дали содржи во себе повисока вредност или било само дел од денот. Мислам дека кој било човек што се занимава со образование, со здравство, со поезија, не смее да се одредува политички кон една или кон друга партија бидејќи тоа го деградира сиот негов труд и сето евентуално творештво“, вели тој.

Јанчовски до актуелната „Староста може, а не мора да се дочека“ (издавач „Матица“) има објавено пет збирки поезија („Обични зборови“ - Табернакул 1998, „Два“ - Кинематика 2002, „Последно време“ - Блесок 2005, „Осама“ - Или или 2010 и „О, ти!“ - Темплум 2011) во печатено издание и уште четири во електронска форма ( „Последно време“, „Неврзан разговор“ и „О,ти“ - Блесок и „Од збор до збор“ - Офнет 2013), а поезијата му е објавувана и преведувана и во САД, Словачка, Унгарија...

„Творците мора да живеат во своето време и да видат што се и новите медиуми, како одат работите, а не да бидат закопани во минатото и да се жалат дека во Македонија нема читателска публика или дека луѓето се глупави и не им ја сфаќаат генијалноста. Можеби и има некој автор кој не е доволно популаризиран, меѓутоа има и многу автори кои само ја хранат суетата дека се добри и чекаат некое време кога ќе се открие нивната генијалност во иднината“, вели Јанчовски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG