Достапни линкови

Мајка и бебе настрадаа во пожар во Охрид


илустрација

илустрација

Mајка и седуммесечно бебе настрадаа во пожар во Охрид. Станува збор лица од социјална категорија, кои живееле во импровизирана барака во близина на месноста Мауцкер, околу двеста метри од магистралниот пат што од Охрид води кон Кичево. Командирот на Територијалната противпожарна служба од Охрид Спасе Прентоски појасни дека пожарот избувнал во 5.45 часот утрово. Според него, индициите од конфигурацијата на објектот укажуваат дека се работи за несреќен случај, пожар предивикан од импровизирано грејно тело.
XS
SM
MD
LG