Достапни линкови

Јолевски: Македонија бара да се интензивираат преговорите со Грција


Македонија бара да се интензивираат разговорите по покровителство на ОН за спорот за името, а статус-кво состојбата со интеграцијата е неодржлива, оценил македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски во обраќањето во Конгресот пред членовите на Парламентарното собрание на НАТО. Јолевски, како што пренесува Дојче веле, рекол дека Македонија е искрено посветена на изнаоѓање заемно прифатливо решение за разликите околу името, со кое ќе се зачувуваат националниот идентитет и достоинство. Тој информирал дека амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, на 7-ми април на двете страни им презентирал предлог. Неколку дена потоа медијаторот е информиран дека македонската страна е подготвена за средба на која ќе се разговара за предлогот. Според амбасадорот, веќе три месеци нема одговор од грчка страна.
XS
SM
MD
LG