Достапни линкови

Големи ветувања или големи лаги?


Индискиот бизнисмен Субрата Рој го посети Охрид.

Индискиот бизнисмен Субрата Рој го посети Охрид.

Големи ветувања за големи проекти како Вардарска долина, пругата кон Бугарија, трамвај во Скопје, Јужен тек, Аква Пура, Љубаништа на Субрата Рој, или Сончев град. Иако е тешко да се верува, поради големата дискрепанца меѓу ветеното и оствареното, се уште има верници, и покрај познатиот македонски скептицизам.

Проектот во кој најави дека ќе инвестира индискиот бизнисмен Субрата Рој актуелен деновиве, како и тврдењата дека постои договорот со Русија за Јужен поток и најавата дека за две години ќе започне изградба на пруга за Бугарија се само дел од големите инвестиции кои властите ни ги ветуваат деновиве.
Луѓето повеќе сакаат да веруваат во нешто, отколку што би биле убедени во спротивното со истата реторика.

Комуникологот Марко Трошановски ваквите најави ги оценува како ветувања за можни нови вработувања кои, како што вели, се општо позната пракса во политичкиот маркетинг насекаде. Кај нас е меѓутоа е многу поизразена дискрепанца меѓу нив и конкретните реализации, посочува Трошановски.
Промоција на проектот Сахарија Македонија.

Промоција на проектот Сахарија Македонија.


„Ви смисла како во новинарскиот сектор на кој му отсуствува истражувачки пристап, така и самите промотори, односно политичките партии не обезбедуваат доволно фактографија со кои би ги поткрепиле овие ветувања.“
Јас сум од Кавадарци, кај нас се прави нова германска фабрика, ќе има вработувања многу и така би верувал.

Почетниот ефект е подигање на очекувањата и перцепцијата за одредена партија, на подолг рок тоа резултира со се поголема недоверба и резервираност, посочува Трошановски, а ќе изостанува маркетиншкиот ефект. На опозицијата, на невладините организации и на медиумите е да ги ​деконструираат и разобличат ваквите ветувања и големи бројки, додава Трошановски. Но, на медиумите како што додава им недостасува независност и истражувачка новинарска пракса, а на партиите аналитика.

„И најчесто нивната реторика се сведува на генерални флоскули, декларативни, коишто ги критикуваат овие ветувања, меѓутоа луѓето повеќе сакаат да веруваат во нешто, отколку што би биле убедени во спротивното со истата реторика.“
Многу пари ветуваа, а многу малку се направи.

Дел од анкетираните граѓани им веруваат на ветувањата за големи проекти.

„Веруваме дека ќе се направи нешто. “

„Јас сум од Кавадарци, кај нас се прави нова германска фабрика, ќе има вработувања многу и така би верувал.“

Но дел од граѓаните во нашата анкета, имаат и поинакви мислења.

„Многу пари ветуваа, а многу малку се направи.“

„Малку им верувам, малку.“

Македонските граѓани веќе одамна чекаат и трамвај во главниот град и реализација на големата населба наречена Сончев град во неговата околина, Аква пура во преспа. За некои од големите проекти од типот на Вардарска долина и повеќе од неколку децении.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG