Достапни линкови

Македонија и Грција ќе молчат додека Нимиц чека!


Средба на посредникот за спорот за името Метју Нимиц со претставниците на Македонија, амбасадорот Зоран Јолевски, и на Грција, Адамантиос Василакис во Њујорк на 30 јануари 2013 година.

Средба на посредникот за спорот за името Метју Нимиц со претставниците на Македонија, амбасадорот Зоран Јолевски, и на Грција, Адамантиос Василакис во Њујорк на 30 јануари 2013 година.

Македонската влада треба да преземе повеќе иницијативи за да покаже дека сака решение за името, сметаат некои дипломати по вчерашниот владин став дека за последниот предлог на Метју Нимиц кој го објави Али Ахмети, ќе ја чека Грција прва да се изјасни.

Македонската Влада се изјасни. Нема јавно да коментира или шпекулира за детали од процесот за изнаоѓање решение околу спорот за името, за да не се наруши процесот и да не се влијае на позициите во разговорите. Реакцијата следи по изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека последниот предлог на медијаторот Нимиц, Горна Македонија, е добра основа за преговори.
Македонија нема друг избор, туку да излегува со разни иницијативи, со разни предлози, бидејќи ние сме соочени со блокадата со уцената – прво името, па членство. Дури треба што повеќе иницијативи да има од наша страна, да се оди во Брисел со разни иницијативи и разни предлози.

Поранешниот дипломат Ристо Никовски оценува дека Грција е таа што не е заинтересирана за решавање на спорот. Истовремено додава оти македонската страна треба да направи сè што може за да докаже дека сака решение на овој проблем.
Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на прес-конференција во Скопје на 11 јануари 2013 година.

Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на прес-конференција во Скопје на 11 јануари 2013 година.


„Македонија нема друг избор, туку да излегува со разни иницијативи, со разни предлози, бидејќи ние сме соочени со блокадата со уцената – прво името, па членство. Дури треба што повеќе иницијативи да има од наша страна, да се оди во Брисел со разни иницијативи и разни предлози“, вели Никовски.

Професор Никола Дујовски, пак, смета дека што и да прави македонската страна, нема да биде доволно за значителен исчекор во разговорите. Реалната политика во Европската унија функционира поинаку, вели тој.
Генералната политика на нашата влада е дека се чека во решавањето на тој спор. Веројатно албанскиот партнер во владата сè повеќе ќе притиска и во иднина, како што го прави тоа и сега, меѓутоа суштината на македонската страна е дека проблемот можеби и не е врвен приоритет на државата.

„Примерот со Србија и со Косово да речеме е многу голем исчекор, тие секојдневно прават напредок. Ние, сè додека сме со главен преговарач или посредник од ОН, тешко дека ќе напредуваме“, вели Дујовски.

Неодамна премиерот Никола Груевски му испрати на својот грчки колега Андонис Самарас писмо со кое го кани на идна средба на која ќе разговараат за суштински детали во овој спор. Никовски посочува дека токму тоа писмо Македонија треба да го искористи како аргумент со кој пред меѓународната јавност ќе ја покаже нејзината волја и заинтересираност за компромисно решение.

„На Самарас не му се брза со одговорот“, вели Никовски.

Дујовски, пак, смета дека со однесувањето, македонската Влада остава впечаток дека не и се брза во решавањето на ова прашање и дека веројатно тоа не е еден од нејзините врвни приоритети.

„Генералната политика на нашата влада е дека се чека во решавањето на тој спор. Веројатно албанскиот партнер во владата сè повеќе ќе притиска и во иднина, како што го прави тоа и сега, меѓутоа суштината на македонската страна е дека проблемот можеби и не е врвен приоритет на државата“, вели Дујовски.

Иако беше најавувана нова средба на преговарачите и посредникот по последната во април, засега нема најава дека таа ќе се случи во блиска иднина. Тогаш Нимиц соопшти дека понудил нови предлози и оти следните разговори ќе се случат тогаш кога и двете влади ќе се произнесат по нив.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG