Достапни линкови

Ново заладување на односите меѓу Каиро и Техеран


Од посетата на Ахмадинеџат на Египет и средбата со Мухамед Морси

Од посетата на Ахмадинеџат на Египет и средбата со Мухамед Морси

Египет го обвини Иран за неприфатливо мешање во внатрешните работи поради тоа што Техеран ја критикуваше египетската армија за отстранувањето на исламистичкиот претседател Мухамед Морси. Египетското министерство за надворешни работи, денеска соопшти дека ги отфрла критиките од Иран, што се смета за ново заладување на односите меѓу Египет и Иран, кои почнаа да се подобруваат со доаѓањето на власт на Муслиманското братство. Сепак, Иран и Египет имаат големи несогласувања во врска со Сирија, бидејки шиитскиот Иран го подржува претседателот Башар Ал Асад, а сунитскиот Египет опозициските бунтовници.
XS
SM
MD
LG