Достапни линкови

Починатиот адвокат Магнитцки, прогласен за виновен


Судот во Москва го прогласи за виновен, починатиот адвокат Сергеј Магнитцки, за даночно затајување. Магнитцки, кој работеше за инвестицискиот фонд Ермитаж капитал, почина во затвор во 2009-та година, откако бил претепан. Ова е прв пат во Русија да биде суден мртов човек. Неговата смрт предизвика остри реакции во светот, а Соединетите Држави воведоа санкции против лицата инволвирани во тој случај. Судот во Москва денеска, исто така, го прогласи за виновен и основачот на Ермитаж капитал, Вилијам Броудер, за даночно затајување и му одреди казна затвор од 9 години.
XS
SM
MD
LG