Достапни линкови

Во Дамаск разговори за нападите со хемиско оружје


Двајца официјални претставници на Обединетите Нации денеска ќе отпатуваат во Дамаск да разговараат за нивната истрага за наводните напади со хемиско оружје во Сирија. Соопштението доаѓа откако сириската опозиција, односно Националната коалиција ги отфрли руските тврдења дека сириските бунтовници произвеле сарин гас и го користеле во смртоносниот напад со хемиско оружје во близина на Алепо во март годинава. Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин изјави дека обвинувањата се базираат на руска научна анализа. Во инцидентот во Кан ал-Асал во северната провинција на Алепо беа убиени повеќе луѓе. И владата и бунтовниците меѓусебно се обвинија за она што го нарекоа напад со хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG