Достапни линкови

Босна и Херцеговина одбележува годишнина од масакрот во Сребреница


Босна и Херцеговина повторно ќе ги погреба останките на повеќе од 400 жртви од масакрот во Сребреница во 1995 година. Десетици илјади луѓе се очекува да присуствуваат на церемонијата што се совпаѓа со 18-годишнината од масовните убиства на околу 8.000 босански муслимански мажи и момчиња од страна на силите на босанските Срби. Остатоците од 5657 жртви, идентификувани преку ДНК тестови, веќе се погребани во меморијалниот центар во Поточари, откако започна процесот пред една деценија.
Во април, српскиот претседател Томислав Николиќ се извини за сите злосторства извршени од страна на Србите за време на распадот на Југославија, вклучувајќи ја и Сребреница, но одби да ги нарече убиствата таму геноцид.
XS
SM
MD
LG