Достапни линкови

Обвинетиот за нападите во Бостон се изјасни за невин


Обвинетиот Џохар Царнаев (десно)

Обвинетиот Џохар Царнаев (десно)


19-годишниот обвинет за експлозиите на Бостонскиот маратон во април годинава се изјасни за невин по сите 30 кривични пријави против него кои вклучуваа и употреба на оружје за масовно уништување. Чеченецот Џохар Царнаев поднесе молба до федералниот суд во Бостон. Во бомбашките напади загинаа три лица, а повредени беа повеќе од 260. Обвинителите се уште размислуваат дали да побараат смртна казна за Царнаев. Неговиот брат и соработник Тамерлан беше убиен за време на престрелката со полицијата тој ден. Неколку места во судницата беа резервирани за жртвите од настанот и за нивните семејства.
XS
SM
MD
LG