Достапни линкови

Обама нареди ревизија на помошта за Египет


Пентагон соопшти дека претседателот Барак Обама наредил ревидирање на американската помош за Египет. Обама го презел овој чекор по случувањата во Египет од минатата недела. Американска помош за војската на Египет изнесуваше до 1,3 милијарди долари годишно. Белата куќа се уште дебатира дали да се смета соборувањето на египетскиот претседател Мухамед Морси како државен удар, што пак ќе предизвика исклучување на финснсиска помош. Претходно, привремените власти на Египет наредија апсење на лидерите на Муслиманското братство Морси, обвинувајќи ги за поттикнување на насилство помеѓу поддржувачите на Морси и безбедносните сили во кои загинаа повеќе од 50 демонстранти.
XS
SM
MD
LG