Достапни линкови

Во Европа помалку бебиња по економската криза


Од почетокот на финансиската криза во 2008 година се родиле помалку бебиња, покажала најновата студија на германскиот институт за демографски истражувања Макс Планк. Според истаржувањата на тој институт, стапката на раѓања во 28-те земји членки на Европската Унија опаднала, а невработеноста се зголемила. Делумно погодени се лицата помлади од 25 години, како и тие кои живеат во јужноевропските земји, како на пример Шпанија.
XS
SM
MD
LG