Достапни линкови

Можно решавање на проблемот со условниот увоз на српска пченица


Македонската страна е подготвена за евентуална измена на времената мерка за условен увоз на пченица и брашно по надминување на нарушувањето на пазарот, беше речено на денешниот билатерален состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и министерот за надворешна и внатрешна трговија на Република Србија Расим Љајиќ. Димовски и Љајиќ во Скопје го потврдија заедничкиот интерес за натамошно продолжување на позитивниот тренд на солидна трговска соработка со земјоделски производи меѓу двете земји. Се договорија за воздржување од воведување дополнителни мерки кои би ја оневозможиле непречената трговска размена со земјоделските производи.
XS
SM
MD
LG