Достапни линкови

logo-print

Роднините на „Скопје 2014“


Најголемата чајџилница во изградба во Таџикистан, проект вреден 60 милиони долари

Најголемата чајџилница во изградба во Таџикистан, проект вреден 60 милиони долари

Гледајки кон Централна Азија, излегува дека Македонија не е единствена земја со мега проект од типот на Скопје 2014. Додека Душанбе се стреми кон рушење на нов светски рекорд со изградбата на најголемата чајџилница, на светот му остануваат осум суетни мега проекти во централно - азиските држави Таџикистан, Туркменстан и Казахстан.

Личен потпис: Суетните проекти во Централна Азија

Во Централна Азија се наоѓаат најстарите и најубавите градби кои се дел од културното наследство во регионот, но во последно време вниманието се свртува кон абициозни модерни градби. Како што авторитарните лидери сè
пострго ги контролираат земјите, во овој дел од светот на различни локации никнуваат градежни комплекси кои се рефлексија на култните личнос

ни карактеристики на владетелите.


Најголемата чајџилница во светот

Во Таџикистан веќе е поставен најголемиот јарбол во светот на кој се вее најголемото знаме. Официјален Душанбе сега се цели кон изградба на огромна чајџилница со куполи и рачно изработени мотиви од дрво.

Трошокот за изградба се проценува на 1 процент од бруто-домашниот производ на земјата, или поточно 60 милиони американски долари. Официјалното пуштање во употреба на објектот е закажано на денот на независноста на Таџикистан во септември.


Берди на коњ

Кога станува збор за личносни култови, се чини дека никој не може да се наптреварува со претседателот на Туркменстан Гурбангули Бердимухамедов, чиј портрет „краси“ згради, канцеларии и училници низ целата земја. Попознат како Аркадаг, или заштитникот - титула која самиот си ја даде, Бердимухамедов има екцентричен вкус за туркменстанските расни коњи Ахал Теке. Изгледа дека најдобар начин да се овековечи страста на претседателот е со изградба на бела мермерна статуа на Бердимухамедов качен на коњ со гулаб суспендиран во сред воздух покрај неговата испружена рака. Грандиозните отсликувања на јавачките способности на шефот на државата изгледа немаат врска со реалноста:

Пред неколку месеци туркменстанскиот претседател падна од коњ, инцидент кој многу малку придонесе кон неговото достоинство.

Грандиозната библиотека во Душанбе

Изградбата на објектот според властите во Таџикистан чинела 40 милиони американски долари и станува збор за најголемата библиотека во Централна Азија.
По свеченото отворање есента во 2012 година, беше искористена само една четвртина од вкупниот капацитет на библиотеката за чување на десет милиони наслови. Од жителите на Таџикистан се бараше да донираат дел од сопствените книги. Како и да е, денес многумина се прашуваат дали се користи оригиналната намена на објектот, имајки предвид дека најпопуларна е електронската читална, опремена со 170 компјутери.

Вечниот Туркменбаши

Покојниот претходник на Бердимухамедов, Сапармурат Нијазов постави 12 метарски позлатен споменик во сопствен лик, кој ротира во текот на денот, со цел Туркменбаши, или таткото на Туркменстанците, секогаш да е свртен кон сонцето.

Бердимухамедов ја тргна статуата од врвот на 75 метарскиот лак на неутралност во 2010 година . Кон крајот на 2011 година споменикот беше поставен на нова локација во предградието на главниот град на Туркменстан.

Најголемиот јарбол во светот

Туркменстан се соочи со потешкотии со кревање на знамето на најголемиот јарбол во светот, кој се најде во Гинисовата книга на рекорди. Пред неколку месеци силни ветрови го искинаа знамето кое се вееше на јарболот издигнат пред претседателската палата. Освен Таџикистан и Туркменстан е една од земјите во Централна Азија која го слави денот на националното знаме.

Свадбена палата

Склучувањето брак во Туркменстан не е лесна работа. Од младоенците се очекува да посадат дрва и да посетат меморијален центар, но откако ќе завршат со сите обврски на листата, парот може да го прослави големиот ден во големата „Тој Мекани“ или свадбена палата. Објектот беше пуштен во употреба во 2011 година. По регистрацијата во матичната служба, свадбените фотографии се прават пред будниот голем портрет на претседателот Бердимухамедов.

Среќните дланки на Назарбаев

Персоналниот култ на претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев е скромен во споредба со неговите колеги од соседните земји. Сепак, до сега се покренати две статуи со негов лик а тука се и неговиот музеј, универзитетот кој го носи неговото име и оттисоци од неговите дланки во бронза, во стилот на ѕвездите во Беверли Хилс. ВЗа многумина жители на Казахстан стана традиција да ги ставаат дланките во бронзените оттисоци и да посакаат желба.

Националната палата

Изградена во стилот на неокласицизам со 64 столбови, таџикистанската Национална палата е екстравагантен претседателски комплекс со паркови и фонтани. Освен претседателот Рахмон, во комплексот се и канцелариите на претседателските советници а цената за изградба на палатата е 300 милиони американски долари. За да се направи простор за грандиозниот објект, беше срушена синагога од деветнаесеттиот век.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG