Достапни линкови

Македонските мобилни оператори на 4Г мрежа


Трите мобилни оператори во Македонија ќе добијат одобренија за користење радиофреквенции од четвртата генерација на мобилни комуникациски услуги. Со додeлувањето на фреквенции од 4G, Агенцијата за електронски комуникации очекува поголеми брзини на мобилниот широкопојасен интернет, пониски цени, поголема иновација, нови инвестиции и подобра покриеност. Компаниите беа избрани на денешното јавно наддавање во Агенцијата за електронски комуникации за доделување три одобренија за користење радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 790-862 мегахерци и 1710-1880 мегахерци.
XS
SM
MD
LG