Достапни линкови

logo-print

Обвинителство: Загинувањето на Никола Младенов - несреќен случај


Никола Младенов, новинар.

Никола Младенов, новинар.

Јавното обвинителство ја затвори истрагата и ја квалификува како несреќен случај сообраќајната незгода во која загина основачот и сопственик на Фокус Никола Младенов.

Јавното обвинителство ја затвори истрагата и ја квалификува како несреќен случај сообраќајната незгода во која загина основачот и сопственик на Фокус Никола Младенов. Претседателката на скопското јавно обвинителство Гордана Гешковска изјави дека од досегашните преземени мерки и вештачења, произлегува заклучокот дека станува збор за сообраќајна несреќа која не е производ на кривично дело за кое се гони по службена должност.
Ова возило се движи по земјениот дел надолу и во еден момент кога удира на земјената површина, отскокнува и се врти во правецот на оската на часовникот, тоа го констатираат вештите лица, и во тој момент кога удира и на 5 метри во висина се врти, доаѓа до исфрлање на телото на покојниот Никола Младенов.

Таа додаде дека причината за несреќата е неприлагодена брзина на автомобилот кон условите на патот, а причината за смртта е повредата, односно раскинот на аортата, за која, како што вели Гешковска, е честа повреда кај возачи во сообраќајни незгоди.
Прес-конференција во врска со резултатите од преземените дејствија за сообраќајната незгода во која загина сопственикот на Фокус Никола Младенов. Претседателката на скопското обвинителство Гордана Гешковска, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Прес-конференција во врска со резултатите од преземените дејствија за сообраќајната незгода во која загина сопственикот на Фокус Никола Младенов. Претседателката на скопското обвинителство Гордана Гешковска, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и јавниот обвинител Марко Зврлевски.


Според досегашната истрага, утврдено е дека Младенов го возел автомобилот со брзина од 142 километри на час при што удрил во банкината.

„Ова возило се движи по земјениот дел надолу и во еден момент кога удира на земјената површина, отскокнува и се врти во правецот на оската на часовникот, тоа го констатираат вештите лица, и во тој момент кога удира и на 5 метри во висина се врти, доаѓа до исфрлање на телото на покојниот Никола Младенов“, изјави Гешковска.
Прашајте ги тие од Нова Македонија што е со фискалните сметки од Нова Македонија. Ние на лице место такви траги и фискални сметки не најдовме.

Телото на Младенов било пронајдено на 7 метри оддалеченост од возилото и, според вештачењето на неговото тело и облека, заклучено е дека тој излетал од предниот дел на шофершајбната. При ударот се вклучиле воздушните перничиња, освен тоа на совозачкото седиште, кои што ги предизвикале видливите надворешни повреди на телото.

Гешковска изјави дека не се пронајдени траги на други лица ниту во возилото ниту надвор од него.

За време на истрагата која траеше неколку месеци, од обвинителството разговарале само со неговата сопруга, која изјавила дека не знае каде бил Младенов пред сообраќајната незгода.

Не е пронајден телефонот на Никола Младенов и обвинителството не утврдило каде бил Младенов пред да се случи сообраќајката.

„Ние не можевме и не знаевме како да утврдивме каде бил претходно, не утврдивме“, изјави јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Гешковска вели дека судска медицина не може точно да утврди во колку часот загинал Младенов, може само да се каже дека починал ноќта меѓу 26 и 27 март.

Според листа на појдовни и дојдовни повици кон неговиот телефон, последната комуникација на неговиот број била околу 16 часот.

Камерите на патарините Скопје-Велес или ги немало или не функционирале, а на разговор не се повикани вработените на наплатните рампи, како ни други соработници на Никола Младенов, бидејќи, како што вели Гешковска, тие не се релевантни за случајот затоа што единствено очевидец на местото на настанот би им дал повеќе податоци за случајот.

Што се однесува до фискалните сметки од наплатните рампи кои што ги пронајде новинарската екипа на Нова Македонија на местото на несреќата, Зврлевски изјави дека прашањето за нив треба да се упати до медиумот, затоа што ниту до Обвинителството ниту до полицијата не се доставени.

„Прашајте ги тие од Нова Македонија што е со фискалните сметки од Нова Македонија. Ние на лице место такви траги и фискални сметки не најдовме“, изјави Зврлевски.

„Јас сакам да кажам, не само во обвинителство, тие не се предадени ниту во судот, ниту во полицијата, ниту во обвинителството“, рече Гешковска.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG