Достапни линкови

logo-print

Младенов загина во сообраќајна несреќа, смета обвинителството


Јавното обвинителство ја квалификува сообраќајната незгода во која загина сопственикот и главен и одговорен уредник на „Фокус“, Никола Младенов како несреќен случај. Од преземените дејства за испитување на несреќата и за причините за нејзиното настанување, обвинителството дојде до заклучок дека според сите докази, не произлегува дека сообраќајната несреќа е производ на кривично дело за кое се гони по службена должност, рекла шефицата на скопското јавно обвинителство, Гордана Гешковска.
XS
SM
MD
LG