Достапни линкови

Пуштен сигналот на новиот грчки јавен медиум


На фрекфенцијата на поранешната грчка државна телевизија ЕРТ, од денеска се емитува логото на новиот канал, Грчка јавна телевизија. Одлуката е донесена по синоќешното гласање во ресорната комисија за предлог-законот за основање Ново грчко Радио, Интернет и телевизија, или Нерит, новиот национален радиодифузер. Предлог-законот доби поддршка само од коалициските партии во Владата, Нова демократија и ПАСОК, а сите останати беа против. Дебатата за новиот закон ќе заврши утре. Заменик министерот Пантелис Капсис задолжен за новата државна радиотелевизија, изјави дека медиумот наскоро ќе почне да емитува програма, во прашање се „денови и часови“ и оти телевизијата на почетокот ќе прикажува играни и документарни филмови, до стартот на Нерит.
XS
SM
MD
LG