Достапни линкови

Ештон се сретна со Јахјага и Тачи


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон се сретна со косовскиот претседател Атифете Јахјага и со премиерот Хашим Тачи во Приштина. Како што јави Танјуг, по средбата на Ештон со Јахјага немало изјави за медиумите, а изјави не беа најавени ниту по средбата со Тачи. Инаку, Ештон е во Приштина еден ден пред продолжување на разгледувањето на Законот за амнестија во косовскиот Парламент. Меѓународните претставници на Косово побараа предлог – легислативата во Собранието да се усвои по итна процедура.
XS
SM
MD
LG