Достапни линкови

„Амнести“ со критики за армијата во Египет


Меѓународната организација за човекови права „Амнести интернешнл“ соопшти дека има докази за „непропорционална употреба на сила од страна на египетските воени трупи“ за време на протестите во земјата кон почетокот на неделава. Најмалку 51 лице загина во демонстрациите за подршка на отстранетиот претседател Мухамед Морси пред канцелариите на Републиканската гарда во Каиро. Муслиманското братство соопшти дека безбедносните сили ги масакррирале подржувачите кои искажувале молитви. Армијата, од друга страна, тврди дека нападот го извршиле вооружени терористи.
XS
SM
MD
LG