Достапни линкови

Визите повторно ни висат над глава


Ниту државите од Балканот, ниту ЕУ не најдоа сериозни и легални механизми за спречување на напливот на азиланти, велат експертите по најавата дека е можно привремено воведување визи за Западен Балкан.

Доколку наредната недела Европскиот парламент и Советот на министрите се усогласат околу привременото воведување визи за земјите од Западен Балкан тој документ би можел да биде изгласан во септември. Тоа би значело дека се движиме кон воведување визен режим за една или повеќе земји од Балканот, реагираше словенечката европарламентарка Тања Фајон.
Тој механизам за воведување на привремени визи се уште не се искористил и јас мислам дека нема да се искористи, затоа што Македонија не е толку голема закана, меѓутоа секогаш се потенцира можноста за воведување на тој механизам за да се држат трезвени и граѓаните и властите.
Бојан Маричиќ, Македонски центар за европско образование.

Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование вели дека станува збор за дел од пакетот на шенген регулативите.

„Кои даваат можност на секоја од земјите кои сметаат дека се загрозени од барања за азил или од наплив на можна нелегална миграција, да воведе времена мерка.“

Она што е главна карактеристика на мерката, појаснува Маричиќ, е тоа дека таа е времена, би важела за одреден временски период, а потоа повторно би била тргната. Сепак тој целата дискусија околу ова ја смета само како најава која треба сама по себе да ја постигне целта по првите зголемени бранови на азиланти од овие простори.
Nе сум убеден дека повторно ќе се воведат визи, затоа што тоа е дијаметрално спротивно на политиката која ја гради Европската унија со регионите кои претендираат да бидат нејзини членки.
Mерсел Биљали, универзитетски професор.

„Тој механизам за воведување на привремени визи се уште не се искористил и јас мислам дека нема да се искористи, затоа што Македонија не е толку голема закана, меѓутоа секогаш се потенцира можноста за воведување на тој механизам за да се држат трезвени и граѓаните и властите.“

Професор Мерсел Биљали вели:

„Не сум убеден дека повторно ќе се воведат визи, затоа што тоа е дијаметрално спротивно на политиката која ја гради Европската унија со регионите кои претендираат да бидат нејзини членки“, додава професор Мерсел Биљали.

Проблемот се состои во тоа што ниту државите ниту ЕУ не најдоа до сега сериозни и легални механизми за спречување на напливот на азиланти којшто од Македонија во првата година од визната либерализација наеднаш пораснал за 400 проценти но потоа опаѓа и се држи под контрола, вели Маричиќ.

„Во моментов ги спречуваат со тоа што им се одземаат пасошите најчесто на граѓаните Роми од Македонија, и не се пуштаат да патуваат таму, значи со физичко спречување, тоа е тоа што се случува и за кое малку се зборува, меѓутоа тоа не е некој сериозне механизам како да се спречи барањето на азил.“

Бирото за азиланти на ЕУ изнесе бројка за 2012 година во која бројот на азиланти од Западен Балкан се зголемил за 49 проценти.
XS
SM
MD
LG