Достапни линкови

logo-print

Прво соработка со соседите, па потоа со другите


Илустрација.

Илустрација.

Природно е македонските компании прво да соработуваат со оние од соседството, па потоа да освојуваат други пазари, но и покрај договорите за слободна трговија, сè уште има проблеми.

Соработката со соседните земји на економски план е традиционално добра, оценуваат упатените, но порачуваат дека компаниите сè уште се соочуваат со одредени пречки. Според податоците на Државниот завод за статистика, од соседните земји најголема трговска размена сме оствариле со Грција и со Србија.
Треба да се стремиме кон укинување на сите бариери кои може да го спречат протокот на луѓе, на стока, на идеи итн., тоа е еден долгорочен процес. Ако сакате да однесете еден камион лубеници некаде во соседството, треба да ги направите сите царински процедури, тоа е администрирање, а ако сакаат на пример Холанѓаните да однесат патлиџани во Германија, нема никакво администрирање. Европа тоа го сфатила со време и ги укинала сите препреки кои може да му наштетат на бизнисот.

Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека Македонија има развиени економски односи со соседните држави и природно е домашните компании прво да соработуваат со нив, па потоа да освојуваат други пазари. Но, според него, сè уште има проблеми, иако земјите досега имаат потпишано неколку договори за слободна трговија.
Илустрација.

Илустрација.


„Треба да се стремиме кон укинување на сите бариери кои може да го спречат протокот на луѓе, на стока, на идеи итн., тоа е еден долгорочен процес. Ако сакате да однесете еден камион лубеници некаде во соседството, треба да ги направите сите царински процедури, тоа е администрирање, а ако сакаат на пример Холанѓаните да однесат патлиџани во Германија, нема никакво администрирање. Европа тоа го сфатила со време и ги укинала сите препреки кои може да му наштетат на бизнисот“, вели Чекреџи.

Бизнисменот Огнен Оровчанец, чија фирма се бави со земјоделство и извоз, вели дека соработката со околните земји оди во нагорна линија, но се соочуваат и со административни бариери.

„Си има дискрециони права кои се некакви невидливи бариери, за видливите секако дека се ограничувања оние нормативи од ЦЕФТА, од ЕУ итн., меѓутоа има и доста дискрециони ограничувања - малку успорување на граница, приоритети за домашното производство и тоа сето е нормално, меѓутоа еден и единствен начин е дијалогот во кој би се расчистувале сите неспоменати проблеми, кои секако ги имало и порано, ги има и ќе ги има“, вели Оровчанец.

Во однос на туризмот, Чекреџи вели дека Македонија има предности кои може да ги промовира, но проблемот е во тоа што оваа гранка сè уште не е доволно развиена.

„Ние сме туристички слабо развиена земја, тоа исто сака многу инвестиции, многу регулатива, учество на масовниот фактор, значи, секој човек што се занимава со тоа да ги смени навиките кои ги има итн“, вели Чекреџи.

Според него, владата презема мерки за промовирање на туризмот, но за резултати потребно е да помине извесно време.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG