Достапни линкови

Субрата Рој во Охрид - средби со државниот врв


Индискиот бизнисмен Субрата Рој денеска и утре ќе престојува во Охрид.
Според градоначалникот Никола Бакрачески се очекува Рој да оствари средби со највисокото локално и државно раководство, како дел од подготовките за изградба на луксузниот туристички комплекс во Љубаништа, што се очекува да биде завршен во 2020 година.
Од друга страна во Индија, Врховниот суд уште минатата година донесе одлука со која побара од двете фирми на Субрата Рој, „Сахара Индија недвижнини“ и „Сахара инвестиции за вдомување“ поврат, преку СЕБИ, на повеќе од 5 милијарди американски долари со камата.
Според индиските медиуми, како што пренесува Утрински весник, во неможност да се потврдат големиот број обврзници во случајот „Сахара“, индиската комисија за хартии од вредност (СЕБИ) почнала процес на консултација со бизнис-групацијата за потврдување на автентичноста на инвеститорите. Од „Сахара“, пак, порачале дека се подготвени за целосна соработка со регулаторот.
XS
SM
MD
LG