Достапни линкови

logo-print

Кетрин Ештон денеска во посета на Приштина


Eштон со Николиќ и Дациќ во Белград

Eштон со Николиќ и Дациќ во Белград

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денеска ќе ја посети Приштина, каде ќе се сретне со косовскиот премиер Хашим Тачи и претседателката Атифете Јахјага.
Таа во Приштина ќе допатува од Белград, каде вчера разговараше со српскиот државен врв околу постигнатите договори во рамките на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, како и за напредокот на Србија во евроинтеграциите.
Посетите на Белград и Приштина од страна на шефицата на европската дипломатија следат по 13-та рунда преговори во Брисел меѓу српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, во кои, според нив, дошло до напредок по прашањата за телекомуникации и електричната енергија.
XS
SM
MD
LG