Достапни линкови

Египет: Ел Беблави привремен премиер


Хазем ел Беблави

Хазем ел Беблави

Египетските привремени власти продолжуваат да работат на формирање кабинет, една недела откако Мухамед Морси беше сменет од страна на армијата по масовните протести. Привремениот шеф на државата Адли Мансур вчера го наименува либералниот економист и поранешен министер за финансии Хазем ел Беблави за премиер, додека поранешниот дипломат во ОН Мухамед Ел Барадеј за потпретседател задолжен за надворешни работи.
Истовремено, се појавија недоразбирања околу декретот на Мансур за правилата за транзиција, до парламентарни избори кои би се одржале за 6 месеци. Либералниот Национален ослободителен фронт на Ел Барадеј го отфрли уставниот декрет и бара измени.
XS
SM
MD
LG