Достапни линкови

logo-print

Русија: докази дека сириските бунтовници користеле хемиско оружје


Виталиј Чуркин

Виталиј Чуркин

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин предаде докази дека сириските бунтовници во напад користеле гас сарин. Тој изјави дека на руски експерти им било дозволено да го посетат Хан ал Асал во близина на Алепо и да најдат, како што ги нарече, докази од прва рака. Чуркин додаде дека руската истрага покажала оти бунтовниците на 19 март истрелале врз овој град 3 ракети, при што загинале 26 лица, меѓу кои 16 војници. Тој рече дека до ОН доставил извештај од 80 страници со резултати што јасно покажуваат оти ракетите содржеле гас сарин и оти постојат причини да се верува дека станувало збор за вооружени борци на опозицијата кои користеле хемиско оружје во Хан ал Асал.
Западните влади сметаат дека нема докази оти сириските бунтовници користеле хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG