Достапни линкови

ММФ со намалени проекции за глобалниот раст


ММФ предвидува побавен глобален раст до крајот на 2014 година, затоа што рецесијата во Европа повлекува намален раст и во клучни земји, како што се Кина и Бразил. Во дополнението на својот извештај од пред три месеци, Фондот ги намалува очекувањата за глобален раст за оваа година од 3,3 на 3,1 процент. Меѓу земјите во развој, прогнозите за растот во Кина и Бразил се намалени. Бројките за Кина за идната година се помали за повеќе од половина процент.
ММФ ја ревидираше и прогнозата за еврозоната, па наместо 0,4 за оваа година се предвидува намалување на растот од 0,6 насто.
XS
SM
MD
LG