Достапни линкови

logo-print

Арапска помош за новите египетски власти


Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ветија 8 милијарди долари во грантови и заеми за новата египетска влада. Саудискиот министер за финансии Ибрахим Аласаф изјави дека Ријад одобрил пакет помош од 5 милијарди долари за Каиро. Тој прецизира дека пакетот се состои од 2 милијарди депозит од централната банка, 2 милијарди во енергетски производи и грант од една милијарда долари во кеш.
Пакетот помош е највидлив знак за промена на политиките меѓу богатите земји од арапскиот залив. Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се против движењето на симнатиот египетски претседател Морси, Муслиманското Братство.
XS
SM
MD
LG