Достапни линкови

logo-print

Бан: приземјувањето на авионот на Моралес „несреќно“


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека приземјувањето на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес во Виена било „несреќно“, додавајќи оти вакви инциденти не треба да се случуваат повторно.
Авионот на Моралес беше принуден да слета поради сомневањата дека во него се наоѓа поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден.
Соопштението на Бан е издадено по состанокот со амбасадорите на Боливија, Куба, Еквадор, Никарагва и на Венецуела.
XS
SM
MD
LG