Достапни линкови

Ахмети: Предлогот за името е „Горна Македонија“


Лидерот на ДУИ Али Ахмети во Софија го обелоденил последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот со Грција – „Горна Македонија“ , јавуваат македонските медиуми. „Спорот за името меѓу Македонија и Грција не е потежок од спорот меѓу Косово и Србија“, рекол Ахмети на предавањето во Софија „100 години од Балканските војни. Помирување и интеграција“. „Проблемот за името е многу емоционален, а таму каде што има емоции нема рационалност. Сосем нормално е, како трета страна посредник, да биде меѓународната заедница која треба на некаков начин да ги смири тие емоции“, изјавил Ахмети. Бугарските медиуми дополнително пренесуваат изјава на лидерот на ДУИ кој посочил дека без притисок од меѓународната заедница и без помош од земјите во регионот, прашањето за името тешко ќе се реши.
XS
SM
MD
LG