Достапни линкови

ЕУ Обзервер: Можно враќање на визите за балканските земји во септеври


ЕУ планира следната недела да разгледа прашања за воведување на времени визни ограничувања за граѓаните од земјите на Западен Балкан - Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Соодветен прелиминарен договор со претставниците на земјите-членки од ЕУ постигнал преговарачот од Европарламентот Аугустин Диас де Мера, пишува весникот „ЕУ обзервер“. Медиумот тврди дека властите на земјите-членки на Унијата следната недела ќе ги разгледаат подготвените предлози од страна на Европскиот парламент а доколку бидат прифатени, гласањето за овој предлог-закон ќе се изврши во септември.
XS
SM
MD
LG