Достапни линкови

Полжавите лесно се произведуваат, тешко се продаваат


Фармата за полжави на Момчило Трајковски во Табановце во близина на Куманово.

Фармата за полжави на Момчило Трајковски во Табановце во близина на Куманово.

Одгледувањето полжави на нашето подрачје може да биде вносен бизнис доколку државата редовно го субвенционира производството, но најбитно е да се обезбеди пласман.

Одгледувањето полжави на нашето подрачје може да биде вносен бизнис доколку државата редовно го субвенционира производството, но најбитно е да се обезбеди пласман, со оглед на тоа што полжавот ретко се наоѓа на трпезата на нашите луѓе, раскажува 57-годишниот Момчило Трајковски, шумарски инженер од Куманово. Тој веќе осум години има фарма на полжави во кумановското село Табановце на седум километри од градот.
Ние имавме пласман за Италија, но за жал самите сме виновни што не го продолживме тој пласман, а во Македонија имаше 38 фарми од кои сега останаа само три до четири.

По промоција на една италијанска фирма, Трајковски се заинтересирал за производство на домашен хибриден полжав и започнал со одгледувањето.

„Прво со две илјади, а потоа ја зголемив фармата на четири илјади квадрати. Не е тешко да се одгледува. За две илјади квадрати потребни се малку повеќе финансиски средства, односно околу пет до шест илјади евра за да се изгради целата инфраструктура, да се заокружи со копање бунари, вода, струја, мрежи, семенски материјали, матични јата“, вели Трајковски.
На годишно ниво од две илјади квадрати во оптимални услови производството е од два до три тони, а сега, бидејќи фармата е позастарена, се добиваат 500, 600 до илјада килограми. Килограм полжави е до три евра, но пласманот е проблем. За минатата година, за две илјади квадрати добивме субвенција од 18 илјади денари, а оваа година сè уште не сме добиле.

Тој се жали дека пласманот е најголем проблем.

„Ние имавме пласман за Италија, но за жал самите сме виновни што не го продолживме тој пласман, а во Македонија имаше 38 фарми од кои сега останаа само три до четири“, вели Трајковски.

За домашен пласман полжавот не е интересен, посочува тој.

„Тој не е на нашата трпеза, многу малку ресторани бараат. Тешко е за пласман во Македонија. Затоа и во овие услови едно семејство не може да егзистира од фарма на полжави“, вели Трајковски.

Иако состојбата со пласманот е тешка, Трајковски вели дека одгледувањето полжави повеќе му прераснало во хоби.

„На годишно ниво од две илјади квадрати во оптимални услови производството е од два до три тони, а сега, бидејќи фармата е позастарена, се добиваат 500, 600 до илјада килограми. Килограм полжави е до три евра, но пласманот е проблем. За минатата година, за две илјади квадрати добивме субвенција од 18 илјади денари, а оваа година сè уште не сме добиле“, вели Трајковски.

Одгледувањето полжави не е тешка работа. Тие поминуваат низ циклус од неколку месеци, од пролетта до раната есен кога достигнуваат своја тежина. Теоретски, 60 полжави даваат еден килограм, но може и до 80 исчистени полжави да ја дадат таа тежина.

„Ако има извоз, може да се направи добар бизнис од овој домашен хибриден полжав. Засега тоа не оди така“, вели Трајковски и додава дека и покрај тоа што многу луѓе во државава би се занимавале со производство на за нашето поднебје невообичаени растителни или животински видови, државата не се занимава за да обезбеди пласман.

Затоа, тој, освен со производство полжави кои не бараат голем ангажман, во близина на фармата има и лозови и овошни насади.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG