Достапни линкови

logo-print

Македонски и бугарски бизнисмени разговараа за соработка


Стопанственици од Македонија и Бугарија денеска во Скопје разговараа за интензивирање на трговијата и индустриската размена, која се очекува да доведе до заеднички настап на трети пазари со конкурентен производ. Контактите на членовите на Македонско-Бугарската стопанска Комора се дел од иницијативата на оваа асоцијација за октомвриски денови на бизнисмените од двете земји. „Заедничкиот настап на третите пазари со европски производ кој ќе биде конкурентен во цената е битен, затоа што тоа е основата за привлекување на потрошувачите“ рече претседателот на комората Зоре Темелковски.
XS
SM
MD
LG