Достапни линкови

Отвори - затвори со паркот Гези во Истамбул


Истанбулскиот парк Гези денеска повторно беше отворен за посетители, откако минатата ноќ беше место на нови судири меѓу демонстрантите и полицијата. Полицијата во текот на ноќта употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се обидуваа да ја игнорираат наредбата за затворање и да влезат во паркот Гези, што минатиот месец беше центарот на протестите против турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган. Движењето „Солидарност за Таксим“ денеска остро ги осуди активностите на полицијата при растерувањето на демонстрантите. Како што јави ИТАР-ТАСС, околу сто активисти на движењето се собраа денеска во паркот Гези, каде дадоа изјава за медиумите. „Бараме веднаш да бидат ослободени граѓаните, кои беа незаконски приведени во понеделникот и претеходните денови. На 8 јули полицијата без никакво предупредување повторно ги нападна луѓето, употребувајќи солзавец, водени топови и гумени куршуми“ изјавија претставниците на „Солидарност за Таксим“.
XS
SM
MD
LG