Достапни линкови

logo-print

Митрополитот на Варна пронајден мртов


Митрополитот на Варна, Кирил, денеска е пронајден мртов на плажа на брегот на Црното Море, во близина на градот Варна, јави бугарското државно радио, додавајќи дека полицијата ја испитува неговата смрт за која се претпоставува дека била насилна. Кирил (59) беше намесник на Бугарската православна црква по смртта на поранешниот бугарскиот патријарх Максим во ноември 2012 година, па до изборот на неговиот наследник Неофит во февруари годинава. Во март годинава бугарските медиуми го обвинија митрополитот Кирил Ковачев дека во 1999 го сменил презимето за да го прикрие своето работење за Државната безбедност. Тоа го потврди и неговиот поранешен секретар Борис Борисов, кој изјави дека вистинското име на митрополитот е Богомил Петров Христов, а дека како агент користел два псевдонима - Ковачев и Владислав.
XS
SM
MD
LG