Достапни линкови

logo-print

Македонските вина ќе се извезуваат под ознаката „повардарски“


До крајот на годинава Македонија ќе почне да извезува вина со заштитено географско потекло „повардарски“. Оваа географска ознака, што е веќе дефинирана, најпрво треба да се регистрира во земјава, а потоа и во ЕУ.
Со географскиот индикатор „повардарски“, македонските вина ќе може да се натпреваруваат на светската арена паралелно со вината од другите земји. Останува на производителите да ја прифатат, искористат и промовираат оваа алатка и да профитираат од тоа што го имаат, изјави Фредерик Жулие од ФАО по денешната промоција на „повардарски“.
Жулие рече дека е рано да се изврши регистрација на името „македонски вина“ бидејќи за него се уште се водат дискусии во рамки на ЕУ. Името „Повардарски“ до кое заеднички дојдовме, не може никој да го оспори на меѓународната арена, истакна Жулие. Иницијатор за воведување на ознаката беше здружението „Вина од Македонија“ кое изминативе две години интензивно работеше со поддршка на ФАО и ЕБOР. Досега „Повардарски“ го прифатиле девет винарски визби. Денеска беше промовирано и логото за „Повардарски“ кое е во завршна фаза на подготовка.
XS
SM
MD
LG